Фирма од Тетово и нејзина управителка ќе бидат гонети кривични под сомнение дека во Куманово продавала брендирана стока увезена нелегално.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Л.(55) од Тетово и правно лице од Тетово – подружница во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, во продажен објект во Куманово, управуван од пријавениот Ф.Л., била изложена и продавана текстилна стока со логото и изгледот на познати светски брендови, која била увезувана нелегално, преку карго испорака, без соодветна царинска пријава, без фактури и без документи за потекло.
Никола Ивановски