Во Куманово одбележани 75 години од Второто заседание на АВНОЈ

Сподели со своите пријатели

Сојузот на борците од Куманово денеска одбележа 75 години од второто заседание на АВНОЈ, датум кој како што рече Цоки Ристевски од здружението е важен за тогашна Југославија, а денешна Македонија затоа што за прв пат се решени националните прашања на Македонците.

– Врз основа на овие одлуки партиското раководство на Комунистичката апртија на македонија ги презема активностите на слободната територија на Козјак планина да го одржи првото заседание на АСНОМ, каде ги удира темелите на современата македонска држава, изјави Ристовски.

Здружението положи свежо цвеќе пред споменикот „Жена борец“ на градскиот плоштад, а беше организиран и историски час.

На оваа собрание се донесени неколку главни одлуки, за кои денеска на историското предавање зборуваше историчарот Радомир Илиќ.

– Тие одлуки се состојат во тоа што е одлучено АВНОЈ да биде врвно законодавно и извршно тело, формиран е национален комитет за ослободување на Југославија кој имал улога на привремена влада. За претседател на АВНОЈ е прогласен иван Рибар, а за претседател на националниот комитет е поставен Јосип Броз Тито кој ќе ја добие и титулата маршал на оваа второ заседание на АВНОЈ, рече Илиќ.

На оваа заседание е одлучено и Југославија да биде федеративна држава, каде освен Словенци, Хрвати и Срби, конститутивни народи се и Црногорците и Македонците.

Leave a Reply