Во Куманово одбележана Неделата на европска мобилност (ГАЛЕРИЈА)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Неделата на европска мобилност денеска беше одбележана во Куманово.

 

 

Поголем број ученици од градот возеа велосипед низ централното градско подрачје и испратија порака автомобилите и моторите да се заменат со велосипеди.

 

 

Loading...

Настанот беше во организација на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи, а во соработка со Општина Куманово и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и велосипедскиот клуб „Вело-М Термалифт“, а со цел да се допре до јавната свест за значењето од користењето велосипед и пешачењето.

 

 

– Републичкиот совет за безбедност на сообраќјот на патиштата ги поддржува активносите кои имаат за цел поголема употреба на велосипедот, не смао во рекеративни форми, туку и како употреба на алтернитвно превозно средство. Итрсажуавањата покажуваат дека во урбана средина на растојание до пет километри, велосипедот е доминантно превозно средство во однос на авомобилот од аскпект на побрзо пристигнување побезбедно, полесно пакрирање токму затоа ние поддржуваме се што е во насока на поголема употреба на велосипедизмот, што во основа го намалува сообраќајниот метеж, изјави Ристо Манчев од РСБСП.

 

 

Loading...

Како што додаде Манчев, секоја година на ниво на државата десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни несреќи, па за таа цел со МВР постојано се реализираат аквиности за едукација на велосипедистите за нивно одговорно учество во сообраќајот, но и за едукација на возачите за почитување на велосипедистите како рамноправни учесници.

 

 

Отсекот за превенција при СВР Куманово, учествува во сите кампањи и тоа на подрачјето на шест општини од регионот.

– Денеска имаме ревилајно возење на велосипеди од ученици од училишни сообраќајни единици и членови на „Вело м“ клубот за да се промовира велосипедот како алтернативно средство за превоз и од друга страна да се покаже на јавноста дека тие се еден од учесниците во сообраќајот, дека треба да се внимава на нивната безбедност, дека и саите велосипедисти треба да ги знаат и почитуваат сообраќајните правила и прописи, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција.

 

Loading...

 

Ваквите настани се потребни, бидејќи велосипедизмот во Куманово зема поголем замав, вели претседателот на велосипедскиот клуб „Вело-М Термалифт“ Марјан Петровски.

– Користењето велосипеди како алтерантино средство се повеќе се користи, пандемијата направи една добра работа, народот се обрна на користење велосипед  за да се отиде до некоја блиска околина, станува секојдневие. Куманово е општина која има изградено велоспиедска патека едниот дел со заложба на градоначалникот, долу на булеварот „Октомврика револуција“ успеа да се огради, да биде пристапна до граѓаните, но велоспиедската патека на „Трета МУБ“ е недостапна и е узрупирана од моторни возила, а ја користи ЈП Пакринг како паркиралиште и тоа го онезвоможува граѓанството да може да се движи слободно, изјави Петровски.

 

 

Loading...

Европската недела на мобилност се одржува секоја година од 16 до 22 септември, а првпат беше иницирана во Франција  во 1998 година. Во Македонија официјалното одбележување започна во 2001 година.

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply