Во Куманово има скоро 40.000 станови, од нив над 12.500 „зјаат“ празни

Сподели со своите пријатели

На подрачјето на Општина Куманово има вкупно 38.147 станови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика од пописот спроведен минатата година.

Loading...

Становите имаат корисна површина од 3,8 милиони метри квадратни.

Најголемиот број од становите или 25.561 се населени и зафаќаат површина од 2,7 милиони метри квадратни, додека во 12.586 не живее никој и зафаќаат површина од нешто над еден милион квадратни метри.

Никола Ивановски