Во кои земји се живее најдобро? Русија и САД ја губат репутацијата (видео)
On:
Сподели со своите пријатели
Соединетите Американски Држави и Русија паднаа на листата земји со најдобра репутација, во истражувањето на невладината организација „Reputation Institute“ за 2017 година.
Студијата е спроведена помеѓу 38.000 луѓе во осум најбогати земји на светот САД, Јапонија, Канада, Германија, Франција, Италија, Велика Британија и Русија. Тие проценуваат 55 земји со наголем БДП. Учесниците ја проценуваат состојбата на стопанството, животниот стандард, екологијата и квалитетот на владата.
Влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа доведе до тоа САД да паднат за 11 места на листата. За 2017. година САД го заземаа 38. место, а пред нив е Мексико, додека местото зад нив припаѓа на Венецуела.
Падот на САД на листата се случува благодарние на реториката на Трамп дека ќе изгради ѕид кон границата со Мексико. Од друга страна симпатиите кон Мексико растат.
Русија е вториот голем губитник по САД. Многумина не веруваат во Москва, поради приказните за наводното мешае на Русија во изборите во САД и европските избори. Русија е на 51. место, а истовремето Русите се доволно почитувани, затоа што 81 отсто од испитаниците веруваат дека тие се светска сила.
За разлика од губитниците, Кина напредува на скалата, затоа што се труди да ги подобри работите, да развива заштита на животната средина, стоката и услугите. Пекинг и натаму е слаб во поглед на транспарентноста и етиката. Тие во 2017. година го заземаа 47. место.
Канада е државата која во 2017 година заработила најголемо почитување. Австралија и Нов Зеланд се на четвртото, односно петтото место, а потоа следува Норвешка.
Најдобро позиционирани земји од Источна Европа се Чешка (21) и Полска (24).
Перу и Чиле се најценети земји од Латинска Америка, додека Јужна Африка е на 36. место од африканскиот континент.