Во кои држави живеат најголемите „пијаници“? Објавена листата најголеми „алкохоличари“ за 2020та!

Сподели со своите пријатели

Австралијците, Англичаните и Данците биле најголемите пијаници во светот во 2020 година, покажа најновото глобално истражување за злоупотреба на алкохолот.

Loading...

Според студијата на организацијата Global Drugs Survey (GDS), жителите на англиско говорно подрачје и Скандинавците имаат најголем проблем со алкохолот.

 

 

Истражувањето било спроведено од ноември 2019 година до февруари 2020 година, пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот и учествувале 110.000 луѓе.

Истражувањето покажува дека само пет проценти од Австралијците и Данците не пиеле во последната година. Следат Англичаните, Финците и Шкотите со по седум проценти.

Светскиот просек во таа категорија е 16%, колку што имало трезни луѓе во балканските земји, кои се прикажани во групи.

Loading...

 

 

Најтрезни се жителите на Португалија, дури 54% од нив не биле пијани во последната година. На второ место се Аргентинците со 48 проценти, а на трето се Колумбијците со 40 проценти.

„Шампионите“ по бројот на пијаници се жителите на Британија, кои во последната година во просек имале по 34 пијанства. По нив следуваат Австралијците и Данците со 32 и Финците со 28 пијанства за една година.

Во таа категорија најдобри се Аргентинците и Колумбијците, кои во просек имале само седум пијанства  за една година.

 

Loading...

 

Светскиот просек е 20,8, а балканските нации се нешто подобри од просекот, со 20,5 пијанства годишно во просек.

Според извештајот, ситуацијата во светот е сè уште малку подобра од една година претходно, кога просечниот број на пијаници бил поголем за околу 30 проценти.

Британците обично завршуваат во болници поради пијанство, па затоа повеќе од пет проценти од оние на возраст под 25 години морале да поминат медицински третман за алкохол во изминатата година.

Светскиот просек е околу два проценти.

Leave a Reply