Во клиника во Малезија за пари наместо вакцини вбризгувале вода

Сподели со своите пријатели

Во клиника во Малезија на луѓето наместо вакцини за пари им била вбризгана дестилирана вода, по што биле дадени лажни потврди за вакцинација против Ковид, јавуваат локалните медиуми.

Loading...

Приватна клиника во сојузната држава Теренгану била одговорна за вакцинирање на луѓето во рамките на националната програма за имунизација и издавање сертификати за вакцини потребни за патување, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Сепак, полицијата се сомнева дека повеќе од 1.200 лица кои биле на таа клиника всушност не биле вакцинирани.

Од 23 лица кои досега ги испрашала полицијата, сите признале дека не ја примиле вакцината против Ковид.

„Некои од нив признаа дека земале инјекции со дестилирана или солена вода“, рече началникот на полицијата во таа држава, Рохаими Мд Иса.

Пациентите, наводно, платиле и до 600 рингити (143 долари) за таа услуга, пренесува Танјуг.

Клиниката во Маранг, во државата Теренган, е само една од ретките клиники под истрага на полицијата за лажна продажба на потврди за КОВИД.

Малезија целосно вакцинираше 80 отсто од населението и сега воведува дополнителни дози, а следниот месец ќе почне да ги вакцинира и децата на возраст од пет до 12 години.

Loading...