Во Кина секој трет телефон е подготвен за 5G мрежа

Сподели со своите пријатели

Кина е земја која во моментов е најподготвена да се префрли на 5G мрежата.

Loading...

Најновите податоци за продажба покажуваат дека во вториот квартал 33 проценти од продадените телефони имаат поддршка од 5G, што е најголем дел во светот.

Колкаво е тоа покачување покажува фактот дека во првиот квартал само 16 проценти од продадените телефони биле подготвени за 5G.

Највисок процент е постигнат во јуни, кога повеќе од 40 проценти од продадените телефони имаат поддршка за 5G.

Домашните производители, Huawei, Vivo, Oppo и Xiaomi, заземаат 96% од локалниот пазар на 5G. Нивните модели на телефони од 5G имаат просечна цена од околу 400 американски долари, но цените на ваквите модели паѓаат брзо. Huawei има најголем удел на пазарот, со удел од 46 проценти во последниот квартал.

Инвестициите исто така покажуваат колку сериозно Кина ја презеде неизбежноста за префрлување на 5G мрежата. Имено, скоро половина од инвестициите во телекомуникациските мрежи покриваат 5G инфраструктура.

Ова укажува на тоа дека оваа земја сериозно се подготвува за нова генерација на мобилна технологија. Ова ќе им овозможи да развијат многу иновативни решенија – од паметни градови, преку автономни возила, до сеприсутните Internet of Things уреди.

Leave a Reply