Во Кина откриен шпион на ЦИА, граѓанинот Зенг

Сподели со своите пријатели

Кина денеска објави дека неодамна открила „шпионска афера“ за американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во која е вмешан кинески државјанин познат како Зенг кој предавал важни тајни во замена за пари.

Loading...

„По внимателна истрага, Управата за државна безбедност прибави докази за шпионските активности на Зенг и презеде казнени мерки против него во согласност со законот за навремено да спречи штета“, соопшти денеска онлајн Министерството за државна безбедност.

Не беше наведено како Зенг бил казнет.

Во соопштението се наведува дека Зенг (52) бил испратен во Италија да студира каде се спријателувал со агент на ЦИА кој работел во американската амбасада во Рим.

Тој агент го убедил Зенг да обезбеди чувствителни информации за кинеската војска во замена за огромна компензација и помош за Зенг и неговото семејство да можат да дојдат во САД, се вели во соопштението, според Бета-Франс прес.

Зенг наводно потпишал договор со американската страна и поминал обука за шпион пред да се врати во Кина.

Случајот привлече големо внимание во Кина и утрово беше на врвот на темите и коментарите на кинеската социјална мрежа Веибо.

Промената на кинеските закони за антишпионажа исплаши голем број американски компании кои работат во Кина во време кога односите меѓу двете земји постојано се влошуваат.

Loading...

Според тие измени, фактот дека некој се потпира на шпионски организации и нивни агенти, како и неовластено стекнување документи, податоци, материјали и написи поврзани со безбедноста и националните интереси, може да претставува акт на шпионажа.

Овие промени предизвикаа разбирлива загриженост за спроведувањето на некои рутински трговски активности кои сега може да се сметаат за шпионажа, напиша Крег Ален, претседател на Американско-кинеската стопанска комора, во неодамнешниот блог пост.

„Довербата во кинескиот пазар дополнително ќе биде нарушена ако законот се применува често и без јасна, блиска и директна врска со активности кои универзално се сметаат за шпионажа“, напиша Ален.