Во Кина, евакуирани 150.000 луѓе поради слонови скитници : На никој не му е јасно зошто го напуштиле живеалиштето

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 150.000 луѓе се евакуирани од рутата по која тргнало стадо слонови, кои со месеци шетаат на југозападот на Кина, соопштија денеска кинеските власти.

Loading...

Осигурителните компании платиле повеќе од пет милиони јуани (771.000 американски долари) за да ги покријат трошоците за штетата што слоновите ја предизвикале на имотот.

Властите во југозападната провинција Јунан стравуват од судири меѓу жители и 14 азиски слонови кои се во движење со месеци, пренесува Би -Би -Си.

 

 

Повеќе од 25.000 полицајци користеа возила и беспилотни летала за да го следат стадото слонови, објавија кинеските медиуми.

Слоновите го напуштиле својот природен резерват во Јунан пред околу 17 месеци и скитаа низ полињата на повеќе од 500 километри северно и јадат култури вредни милиони долари.

Loading...

Кога стадото се приближило до населбите, луѓето биле привремено преместени за да спречат конфликт, додека локалните жители се обидуваат да ги заштитат своите посеви и домови.

До јуни, животните стигнале до предградието на главниот град на провинцијата Квининг.

Користени биле  електрични огради и мами за да се осигура дека животните го следат вистинскиот пат.

 

 

Експертите велат дека е целосно нејасно зошто слоновите го напуштиле своето вообичаено живеалиште за да го започнат патувањето.

Азиските слонови се загрозен вид во Кина, додека во земјата има само околу 300 диви слонови, кои претежно живеат како скитачко стадо на југот од провинцијата Јунан.

Loading...