Истражувачите кои следеа нови мутации на коронавирус, открија нова и потенцијално загрижувачка варијанта, која носи многу исти карактеристики како и другите видови, вклучувајќи алфа, бета и гама.
Варијантата што ја проучуваат, наречена C.1.2, се појави низ Јужна Африка, како и во седум други земји во Африка, Азија и Пацификот, и досега не се сигурни дали е повеќе заразна или отпорна на имунитет стекнат преку вакцинација или претходна инфекција.
„Повеќе мутации не секогаш значат поголема опасност, некои мутации можат да го ослабнат вирусот, а комбинацијата на промени влијае на тоа дали вирусот станува поефективен, бидејќи една дополнителна мутација може да ги поништи ефектите на друга и тоа е она што нашиот тим во моментов го истражува“, рече вирусологот Пени Мур од Националниот институт за инфективни болести на Јужна Африка.
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е премногу рано да се означи оваа мутација на вирусот како варијанта од интерес или варијанта на загриженост, така што сѐ уште нема ознака на грчката азбука.
Водечката експертка на СЗО за ковид -19 Марија ван Керков, истакна дека досега е откриено дека многу мал број луѓе, околу 100, на кои им е дијагностициран коронавирус, се заразени со варијанта В.1.2. и дека СЗО ќе објави доколку тоа се промени и дека видот на делтата е с уште доминантен.
СЗО во моментов идентификува четири загрижувачки варијанти, кои полесно се пренесуваат, влијаат на тежината на болеста или различно реагираат на тестови, вакцини или протоколи за лекување: Алфа или Б.1.1.7, Бета или Б.1.351, Гама или П. 1 и Делта или Б.1.617.2, а некои, како Алфа и Делта, брзо се проширија и станаа доминантни варијанти во голем дел од светот.

