Во паркот на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце на 18ти месецов ќе се организира по втор пат добро познатиот фестивал „Пикник у Пелинце“.
– На манифестацијата ќе настапи добро познатиот гостин кој ни доаѓа од соседна Србија Andrew Meller кој има настапувано на врвни фестивали како што се: Exit, Untold, Lovefest, CDE, Dance Park, Green Love Fest, велат организаторите.
Програмата, која покрај музика, ќе има и културни активности, ќе ја надополнат и македонските диџеи: Flooder, Janksy, Vaso, Mitrik, Dado K & Mamli, Samardjiski, Igor Cige, Cobe, Dyad Progressive Wave, Bojan Fildzi, Marko DI, Darko Ripple & Impulse.
Музичката програма ќе биде во времетраење од 13 часа почнувајќи од 12:00 напалдне па се до 01:00 по полноќ.
На настанот ќе има чил зона и камп зона каде ќе може да се постават шатори, а ќе иима и обезбедено место за купување на пијалаци и храна.
ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН.
Како наговестување за она што може да се очекува проверете ја фотогалеријата од првото издание на фестивалот ТУКА.
Никола Ивановски