Во Јемен започна размената на воени заробеници

Сподели со своите пријатели

Размената на 800 воени заробеници меѓу завојуваните страни почна денеска во Јемен, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Loading...

Преговорите меѓу бунтовниците Хути и коалицијата предводена од Саудиска Арабија се одвиваа со месеци, со посредство на Обединетите нации.

За време на тридневната размена, затворениците ќе бидат пренесени меѓу Саудиска Арабија и главниот град на Јемен, Сана, кој долго време го држат бунтовниците Хути поддржани од Иран, рече Мајед Фадаил, заменик министер за човекови права во меѓународно признатата влада на Јемен.

Други летови ќе превезуваат затвореници меѓу Сана и другите јеменски градови контролирани од меѓународно признатата влада, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турските вооружени сили во состојба на готовност

Црвениот крст соопшти дека денеска ќе има две симултани лета меѓу Аден и Сана.

Ова е најзначајната размена на затвореници во Јемен откако двете страни ослободија повеќе од 1.000 затвореници во октомври 2020 година.