Во јапонска болница речиси 30 години пиеле вода од тоалетот: „Се извинуваме за грешката“

Сподели со своите пријатели

Се испоставило дека персоналот и пациентите во јапонската болница речиси 30 години случајно пиеле вода од тоалетот наместо да пијат вода наменета за пиење, без да бидат свесни за тоа.

 

 

За проблемот да биде поголем, ова се случува речиси 30 години, откако болницата била отворена во 1993 година и 120 славини биле оценети како неисправни. И покрај тоа што проблемот траел толку долго, никој не разбрал се додека болницата не се подготви за изградба на нова зграда за дијагностика и лекување, каде што проблемот беше откриен при увидот.

Извештаите велат дека болницата всушност ја проверува бојата, вкусот и мирисот на водата еднаш неделно, врз основа на постоечките записи, што укажува дека немало никакви проблеми од 2014 година.