Доколку сакате работа од соништата, можете да размислите да се преселилте во Јапонија, затоа што таму спиењето на работа е целосно прифатливо.
Јапонците за ова дури имаат и израз, „инемури“, што значи „присутен додека спие“, пишува Дејли Мејл.
На интернет кружи нов бизарен предизвик кој буквално ќе ве шокира (ВИДЕО)
Loading...
Оваа пракса е воведена поради долгите работни часови во Јапонија и фактот дека луѓето во оваа земја во просек спијат само по шест часа дневно.
Спиењето во канцеларија започнало во текот на повоениот економски бум во земјата, кога луѓето работеле на обновувањето на државата.
Гледањето на луѓето како дремат додека патуваат на работа или спијат за време на состаноци е вообичаена слика во Јапонија.
Меѓутоа, за „инемури“ важат и одредени правила.
– Ако сте нови во фирмата и скате да покажете колку вредите, не смеете да спиете. Меѓутоа, ако имате 40 или 50 години можете слободно да спиете. Што се повисоко на оштествената скала, повеќе ви е дозволено да спиете на работа, рекол др. Бриџит Стигер, кој специјализирал јапонска култура.
ВИСТИНСКО ЛУДИЛО ВО ЈАПОНИЈА: Започна фестивалот на пениси (видео)
Дури и кога на лицето му е дозволено да дреме на работното место, правилата на „инемури“ налагаат работниците да мора да бидат во можност да се вклучат во секој разговор кога и да е потребно и тоа во истата секунда.
– Вашето тело треба да се преправа дека е активно на состанокот. Не смеете да спиете под масата или нешто слично. Треба да седите како да слушате цело време, само можете да ја спуштите главата, рекол Стигер.