Најмалку 60 лица беа убиени во израелски напади во текот на ноќта и утрово низ Појасот Газа, според палестинските здравствени претставници, пренесува АП.
Два напада во северна Газа погодија семеен дом и училиште претворено во засолниште, при што загинаа најмалку 22 лица, повеќе од половина од нив жени и деца, според Министерството за здравство на Газа, контролирано од Хамас.
Тринаесет лица беа убиени во нападот во централниот град Деир ел-Балах, а 15 во вториот, во блискиот бегалски камп Нусеират, според болницата Ал-Акса.
Во два напади во јужниот град Кан Јунис, според податоците од болницата Насер, загинаа 10 лица, пренесува Танјуг.
Израел во последните денови започна уште една голема офанзива во Газа, објаснувајќи дека неговата цел е да ослободи десетици заложници што ги држи Хамас и да ја уништи милитантната група.