Во Израел се огласија сирени за тревога минути по почетокот на примирјето

Сподели со своите пријатели

Израелската војска ги активираше сирените за воздушен напад во две села во близина на Појасот Газа, само неколку минути по стапувањето во сила на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, објави Ројтерс.

Loading...

Засега нема непосредна потврда дека се случиле ракетни напади од палестински милитанти на израелска територија или дека е причинета некаква штета, наведува британската агенција.

Утрово во 7 часот по локално време стапи на сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар.

Во часовите пред привремениот прекин на огнот, ракетните сирени се вклучија во израелските градови кои се граничат со Газа, а израелската војска извести за интензивни операции во палестинската енклава, во обид да ја унапреди својата операција против Хамас што е можно повеќе во последните часови пред паузата, објави „Тајмс оф Израел“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 14 Палестинци загинаа во нападите на израелските сили ширум Газа