Израелските археолози откриле исклучително добро зачуван праисториски локалитет – „рај за ловци – собирачи“ кои таму живееле пред пологина милион години.
Откритието е напревно на околу пет метри длабочина близу градот Кфар Саба, а тоа укажува дека претците хомосапиенс и хомоеректус, повеќе пати се враќале на оваа место, потенцијално привлечени со изворна вода и дивеч, пишува „Гардијан“.
Зад себе оставиле голем број примитивни камени алактки.
Археолозите веруваат дека локалитетот, североисточно од Тел Авив, бил рај за праисториските ловци – собирачи, со поток, вегетација и дивеч, кои ги привлекувале да се враќаат.

Она што експертите најмногу ги заинтригирало е откритието на доказ за развиени технологии за обработка на камен. Стотици камени секири, вообичаени се за древна ашелска култура која постоела во старата палеолитска ера, од околу 1,5 милиони до 200.000 години.
Орудијата и оружјата од старата палетолитска ашелска култура, поврзани со хомоеректусот и претходникот, хомосапиенсот, се карактеризираат со овална форма или во облика на солза.
Датирањето на пронаједните ашелски секири, кои се користени за многу дејности од касапење до копање, се користеле за да се следат претходните човечки миграции од Африка во Азија и Европа.
Истражувачите исто така веруваат дека фактот дека се враќале на овој локалитет покажува дека неговите жители поседувале географско паметење и дека можеби се враќале на него како дел од сезонски циклус.
https://youtu.be/v9C84MdeHIs

