Израелското Министерство за здравство денеска соопшти дека четири лица починале како последица на инфекција со западнонилска треска и дека има сомнеж дека треската е причина за уште една смрт.
Loading...
Како што пишува „Тајмс оф Израел“, 48 лица се заразени со западнонилска треска, додека 36 се хоспитализирани, а пет лица се на вентилатори.
Околу 80 отсто од заразените немаат симптоми на треска, а околу 20 отсто ќе покажат различни симптоми, вклучувајќи треска, малаксаност, главоболка или болки во телото, пренесува Танјуг.
Помалку од еден процент од заразените имаат невролошки компликации.
„Вирусот не се пренесува од човек на човек“, посочуваат од ресорното министерство.