Во Италија се судрија два воза, неколку повредени

Сподели со своите пријатели

Два воза се судрија во неделата вечерта во близина на италијанскиот град Фаенца, при што се повредени најмалку 17 лица, од кои повеќето полесно, јави новинската агенција АНСА, повикувајќи се на спасувачите на местото на настанот.

Loading...

Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути на делот од железничката линија меѓу градовите Болоња и Римини, во северниот италијански регион Емилија Ромања.

Причината за несреќата на почетокот не е јасна.

Според првичната реконструкција на настанот, двата воза се движеле во правец на север, како што јави италијанската агенција НСА.

Еден воз удрил во друг одзади, јавува N1.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Болниците во Франција на посебен распоред за работа поради големиот број заболени од грип