Од август минатата година до август годинава во Италија биле убиени 125 жени, што значи по една жена на секои три дена.
Бројот на убиства е зголемен во однос на минатата година кога беа убиени 108 жени.
Годишниот извештај на италијанската влада покажува дека најголем број жени се убиени во семејната средина, од женет или невенчан партнер, како и од бивши.
Според податоците на Институтот за статистика (Истат), огромен број жени не пријавуваат насилство, ниту пак разговараат за тоа со други луѓе.
Бројот на пријавени случаи на насилство од партнери е 12 отсто, а 1 отсто од лица кои не се во емотивна врска со жртвата. Намален е и бројот на пријави за следење, годинава имало 15.817, наспроти 18.653 лани.
Пред само неколку дена во Торино, Рим и Парма беа извршени три злосторства врз жени од различна возраст.
Во Торино 73-годишна жена починала кога нејзиниот сопруг до смрт ја претепал со стап.
Нејзините повици за помош од балконот не биле доволни за да се спречи трагичен исход. Овој пар важеше за мирна брачна двојка, која е во брак повеќе од 30 години.
Само неколку часа пред тоа, 52-годишна жена била застрелана со пиштол во Парма. Убиството го извршил нејзиниот 62-годишен сопруг.
Жената го возела својот автомобил до најблиската станица за карабињери, бидејќи почувствувала дека е во опасност.
Но, нејзиниот сопруг ја стигнал и ја застрелал на улица, но ја удрил во рамото, па жената била спасена иако е во болница, додека сопругот бил уапсен.
Уште една жена била нападната и избодена неколку пати во Рим од нејзиниот партнер, а била спасена благодарение на случаен минувач, а моментално е во болница.
Последната година во Италија се извршени 319 убиства што е повеќе од претходната година кога бројката изнесувала 276.
Од вкупниот број убиени, 39,2 отсто се жени, а 36 убиства се дело на организиран криминал.
Во Италија се извршени 900.000 кражби, 24.644 разбојништва, уапсени се 149.608 лица, а 632.647 од нив се пријавени во полиција.
Се зголемува и бројот на случаи на компјутерски криминал.
Евидентирани се 8.814 случаи, што е речиси двојно повеќе од претходната година кога имало 4.938. Уапсени се 150 лица, а на црната листа се најдоа 2.595 веб-страници.