Во Италија две лица се уапсени под обвинение за тероризам

Сподели со своите пријатели

Италијанската антитерористичка единица уапсила Египќанец и италијански државјанин со египетско потекло под обвинение за поттикнување тероризам, соопшти денеска италијанската полиција.

Loading...

Акцијата ја координирало обвинителството во Милано, а уапсените се обвинети за поттикнување тероризам, како и за членови на терористичката Исламска држава (ИСИС), пренесува Ројтерс.

Од обвинителството велат дека осомничените биле активни во терористичка пропаганда, дека се обиделе да регрутираат потенцијални соработници преку интернет и дека финансирале иницијативи во корист на ИСИС.

„Утрово две лица се уапсени под обвинение за тероризам“, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани за радио РАИ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес ја погоди Кина

Тој додаде дека нивото на безбедност во земјата е подигнато и дека властите работат на спречување на потенцијални закани.

Запрашан да каже дали земјата може да очекува терористички напади, како вчерашниот во Белгија, Тајани рече дека во моментов нема конкретни закани насочени кон Италија, пренесува Танјуг.

Двајца Швеѓани се убиени, а трето лице е рането во центарот на Брисел во понеделникот вечерта, кога биле нападнати од маж кој, според видеото што се уште се проверува, рекол дека е член на ИСИС.

Нападот се случил во пресрет на фудбалскиот натпревар Белгија-Шведска.

Loading...