Во Исланд со години тестирале четиридневна работна недела, резултатите одлични

Сподели со своите пријатели

Во Исланд, од 2015 до 2019 година, тестирале четиридневна работна недела, односно работниците земале иста плата за помал број работни часови.

Loading...

Сега резултатите се објавени кои покажуваат дека експериментот бил „исклучително успешен“ и многу работници преминале на скратено работно време, пишува Би-Би-Си.

Продуктивноста остана иста или зголемена на повеќето работни места за време на експериментот, велат истражувачите.

Слични тестови сега се спроведуваат низ целиот свет, вклучувајќи ги Шпанија и Нов Зеланд.

 

 

На Исланд, повеќе од 2.500 работници учествувале во експерименталната четиридневна работна недела, што претставува околу 1% од работоспособната популација на Исланд.

Loading...

Сè се одвивало под покровителство на Градскиот совет на Рејкјавик и националната влада.

Многу работници преминале од 40-часовна работна недела во 35 или 36-часовна недела, велат истражувачите од британскиот тинк-тенк Автономија и Здружението за одржлива демократија (Алда) на Исланд.

Засега, 86% од работната сила во Исланд или се префрлиле на работа со скратено работно време за иста плата или само ќе се стекнат со право на тоа, велат истражувачите.

 

 

Работниците под помалку стрес, се чувствуваат подобро

Работниците изјавиле дека се под помал стрес, а тие исто така тврдат дека се чувствуваат поздраво, како и дека имаат подобра рамнотежа меѓу работинот и приватниот живот.

Loading...

„Оваа студија покажува дека најголемиот светски експеримент со скратено работно време во јавниот сектор е неверојатно успешен од сите мерки“, рече Вил Стронге, директор за истражување во Автономијата.

„Тоа покажува дека јавниот сектор е зрел да биде пионер на работата со скратено работно време и ова може да биде лекција од која другите влади можат да научат нешто“, рече Стронге.

 

 

„Во модерната ера е можно помалку да се работи“

„Ова ни покажува не само дека во модерната ера е можно помалку да се работи, туку и дека се можни прогресивни промени“, рече Гудмундур Д. Харалдсон, истражувач на Алда.

Шпанија, исто така, експериментира со четиридневна работна недела за одделни компании, делумно поради пандемијата на коронавирусот.

Loading...

Унилевер, британско-холандска компанија која произведува стока за широка потрошувачка, им дозволи на работниците во Нов Зеланд да го намалат работното време за 20%, а истовремено да ги задржат своите плати исти.

Leave a Reply