Во Иран егзекутирани тројца осуденици поради нивната вмешаност во протестите

Сподели со своите пријатели

Иранските власти денеска егзекутираа тројца мажи осудени за вмешаност во смртта на тројца полицајци за време на протестите за смртта на Махса Амини минатата година.

Loading...

Маџид Каземи, Салех Мирхашеми и Саид Јагуби беа прогласени за виновни за „војна против Бог“ за време на демонстрациите во градот Исфахан , во централен Иран.соопштено од правосудните органи.

Тие беа уапсени во ноември минатата година, додека во јануари беа обвинети за смртна казна.

Тие беа прогласени за виновни како „членови на групи кои имале намера да ја нарушат безбедноста на земјата“.

Протестите во Иран беа започнати на 16 септември 2022 година, на денот на смртта во болница на Махсе Амини (22), која беше уапсена три дена претходно во Техеран поради „несоодветна облека“ и непочитување на строгиот кодекс на облекување на жените во Иран.