Полицијата во источната индиска држава Бихар уапсила тројца мажи осомничени дека убиле муслиман кој наводно носел говедско месо, потврди денеска претставник на локалната полиција.
Loading...
Жртвата, 56-годишниот Насим Куреши, бил убиен претходно оваа недела, откако бил нападнат од разгневена толпа поради сомневање дека носел говедско месо за продажба, јавува Ројтерс, пренесува Танјуг.
Кравите се свети животни во хиндуизмот и има чести напади врз луѓе главно од малцинската муслиманска заедница кои се осомничени за убивање крави заради нивното месо или кожа.