Родовиот јаз во платите во Холандија се зголеми, а разлиакта во платите меѓу мажите и жените кои вршат иста работа со исто образование и искуство се зголеми од пет проценти во 2021 година на 7,4 проценти оваа година.
Проширувањето на јазот настанало затоа што платите на мажите биле зголемени со поголем процент од зголемувањата што ги добивале жените, откако 70 отсто од вработените во Холандија добиле зголемување на платите во последните две години, пишува порталот холандски Тајмс.
Во просек, мажите сега заработуваат 16,4 отсто повеќе отколку во 2021 година, додека жените забележале просечен пораст од 9,1 отсто.
„Едно можно објаснување е дека мажите едноставно беа погласни во барањето покачување од жените во последните две години“, рече професорот по економија Јап ван Меијен од Универзитетот за бизнис Нинрод.
„Се чини дека мажите повеќе се грижат за тешките услови за секундарно вработување, додека жените повеќе се грижат за суштинските аспекти на работата“, вели Ван Меијен, пренесува Танјуг.
Според порталот, мажите имаат три пати поголема веројатност да имаат службена кола или картичка за бензин и двојно поголема веројатност да добијат додаток за споделување профит и преместување.
Разликата во платите значи и дека жените се финансиски поранливи од мажите – додека 87 отсто од мажите заработуваат доволно за да ги покријат сите месечни трошоци, истото важи и за 82 отсто од жените.