Во Холандија уапсен поранешниот шеф на безбедноста на Исламската држава

Сподели со своите пријатели

Сириец осомничен дека бил шеф на безбедноста на Исламската држава (ИД) и екстремистичката група Џабхат ал Нусра за време на сириската граѓанска војна е уапсен денеска во Холандија, соопшти холандското обвинителство.

Loading...

„Се сомнева дека од својата позиција во ИД придонел за воените злосторства извршени од таа организација во Сирија“, се вели во соопштението на Државното јавно обвинителство.

Неговото име не е објавено, а тој е приведен во малото село Аркел, на околу 50 километри источно од Ротердам.

Тој е осомничен дека од 2015 до 2018 година имал „водечка позиција во службата за безбедност на ИД“.

Две години пред тоа, тој наводно ја работел истата работа за Џабхат ал Нусра, огранокот на Ал Каеда во Сирија.

Осомничениот (37) во 2019 година поднел барање за азил во Холандија, а подоцна се населил во Аркела.