Во Холандија издаден црвен метео аларм: Се очекуваат силни ветришта!

Сподели со своите пријатели

Холандија се подготвува за силно невреме, а полетувањата на летовите од аеродромот Шипхол и тргнувањето на возовите се откажуваат низ целата земја.

Loading...

Властите издадоа црвено предупредување за бурата Поли, која ќе донесе удари на ветер до 120 километри на час.

Граѓаните рано утрово добија предупредување на мобилните телефони да се подготват за силно невреме.

Метеоролозите велат дека невремето би можело да предизвика голема штета од соборените дрвја, а ветерот ќе биде доволно силен за да ги подигне предметите од земјата.

„На возачите им се препорачува да ги одложат сите патувања кои не се итни“, соопштија властите.

На возачите на камп-приколки и камиони, кои неминовно треба да тргнат на пат, им се препорачува да не заминуваат со празни возила, бидејќи ветерот може да ги „однесе“.

На аеродромот Шипхол откажани се неколку стотици летови.