Референдумот за влез на регионот во Руската Федерација ќе се одржи во областа Херсон, изјави за новинарите Кирил Стремусов, заменик-шеф на воено-цивилната администрација на регионот.
„Останавме без законодавна власт, па направивме јавен совет, кој ги претставува претставниците на народот и тие веќе ќе носат некои меѓуодлуки. Мислам дека тоа најверојатно ќе биде референдум, кој ќе се одржи на територијата на регионот Херсон за самоопределување на регионот Херсон. Следната фаза ќе бидат изборите што ќе ги одржиме директно на територијата на ослободената област. И таму ќе продолжиме да работиме законодавно“, рече Стремусов.
Тој истакна дека изборот ќе го направат жителите на регионот.
Запрашан кога може да се одржи ваков референдум, Стремусов посочи дека има уште многу работа, пишува РИА Новости, а пренесува Нова.рс.