Во Харков загинаа пет лица, меѓу кои две деца

Сподели со своите пријатели

Украинската државна служба за итни случаи (СЕС) објави дека спасувачите во Харков пронашле тела на пет лица, меѓу кои и две деца, кои загинале кога руски бомби погодиле станбена зграда во селото Слобожанске надвор од градот.

Loading...

Во главниот град Киев, според информациите на СЕС, избувнал пожар во складиште за замрзната храна како последица на гранатирање во текот на ноќта.

Објавени се фотографии од зградата во која избиваат пламени јазици и чад.

Нема информации за жртви.