Во гробница во Египет пронајдена мумија стара 3.500 години (фото)

Сподели со своите пријатели

Скулптури, дрвени маски и живописни слики на ѕидовите, па дури и мумија за која се верува дека е стара околу три и пол милениуми, археолозита пронашле во две, досега неистражени гробници во древниот град Луксор.

 

Loading...

 

Археолозите сметаат дека се работи за мумија на висок владетел на тогашното египетско Ново кралство, пренесува ВВС.

Двете гробници се наоѓаат на некпополата Драа Абуд Нага, позната по храмовите, а која е изградена во близина на Долината на кралевите во која се погребани многу египетски фараони.

 

 

Египетското Министерство за антиквитетит соопштува дека двете гробници ги пронашол германски археолог во деведесетите години, но дека до неоадамна биле запечатени.

 

Loading...

 

Идентитетот на пронајденото мумифициранот ело не е познато, но Министерството наведува дека постојат две можности, да се работи за личност по име Џехути Мес, чие име е изгравирано на еден од ѕидовите на гробницата или тоа да е песник кој се нарекувал Маати, а чие име, заедно со името на неговата сопруга Мехи е напишано на клиновите пронајдени покрај мумијата.

 

 

Втората гробница се уште не е во целост истражена, напоменуваат од египетското министерство.

 

 

Инаку, во септември археолозите открија гробница на кралски златар во близина на Луксор. Таа гробница, која датира од времето на Новото кралство, содржела статуа на златарот Аменамхат во седечка положба, која се наоѓала покрај статуата од неговата сопруга.