Во последните 24 часа во Грција се регистрирани 4.696 нови случаи на коронавирус, што е највисоко од почетокот на епидемијата.
Loading...
Направени се речиси 277.000 тестови, од кои 260.000 биле брзи.
Во истиот период од заразата починале 38 пациенти со Ковид, пренесува Катимерини.
На респиратор се 404 пациенти.
Од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 739.448 случаи, а починале 15.894 лица.