Најмалку 21 лице загина, а 112 се ранети во гранатирањето на градот Харков во источна Украина во последните 24 часа, изјави во средата регионалниот гувернер Олег Синехубов, пишува mirror.co.uk.
Властите соопштија дека руските ракетни напади го погодиле центарот на вториот по големина град во Украина, вклучувајќи ги станбените населби и зградата на регионалната администрација.
Слични напади во кои десетици беа убиени и ранети во Харков претходниот ден вклучуваа и касетни бомби, велат експертите.
Потсетуваме, западно од Киев, во градот Житомир, четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа од руска крстосувачка ракета, изјави украинскиот претставник.
Украина продолжува да покажува значајна решителност да ја одбие инвазијата, бидејќи стотици илјади бегаат од земјата разурната од војна и на жените и децата им е дозволено да ја напуштат, но мажите на возраст од 18 до 60 години мора да останат.