Во Гевгелија дводневна обука за интеграција на бегалци и странци

Сподели со своите пријатели

Во Гевгелија денеска почна дводневната обука на тема „Интеграција за бегалци и странци“ која се одржува во организација на Регионалниот центар за одржлив развој.

Обуката,  според организаторите, се спроведува заради поттикнување на заштитата на човековите права на мигрантите и претставува дел од активностите на проектот „Поддржи ме! Заштити ме!-јас сум човек“ чија реализација е финансирана од Европската унија.

– Целта на обуката е учесниците да се запознаат со содржините на стратегијата на интеграција, меѓународните стандарди за интеграција и улогата што ја имаат меѓународните и граѓанските организации, како и локалната власт во процесот на интеграција на бегалци и странци, односно нивно прифаќање, домување, образование и вработување, велат организаторите.

Обуката ја следат претставници од институции, граѓански здруженија и активисти за човекови права од Гевгелија.

Извор: МИА