Во Германија започнуваат двонеделни воени воздушни маневри на НАТО

Сподели со своите пријатели

Во Германија денеска почнуваат двонеделни воени воздушни маневри на НАТО, најголема воздушна вежба во историјата на алијансата и своевидна демонстрација на воена моќ по руската инвазија на Украина пред повеќе од една година.

Loading...

Во маневрите наречени „Air Defender 23“ учествуваат повеќе од 20 земји партнери и околу 250 авиони, меѓу кои, меѓу другото, и ловци-бомбардери F-35 произведени во САД и Холандија од Lockheed Martin Corp.

Извидувачки авиони AVACS, ескадрили за полнење гориво од воздух, па дури и транспортни авиони на воздухопловните сили на Јапонија, пренесува Блумберг.

Вежбата се спроведува на четири локации во Германија, како и по една во Холандија и Чешка, за да се тестира способноста на воздушните сили на НАТО да одговорат на кризата во Европа во услови на зголемени тензии со Русија.

Областите на воздушниот простор за маневри ќе се користат најмногу четири часа дневно во различни периоди од денот кога ќе биде прекинат цивилниот воздушен сообраќај, соопшти НАТО.

Во периодот на маневрите на НАТО, комерцијалните авиокомпании ќе летаат низ германскиот воздушен простор по изменети рути и со помали доцнења.

„Би била многу изненадена доколку некој светски лидер не препознае што покажува оваа вежба во однос на духот на оваа алијанса. Го вклучувам и господинот Путин“, рече на прес-конференција американската амбасадорка во Германија, Ејми Гутман.