Во Германија во недостиг на работна сила – околу два милиони слободни работни места

Сподели со своите пријатели

Недостигот од работна сила станува се поакутен во Германија, каде има два милиони непополнети работни места, објавија денеска тамошните работодавци, додавајќи дека земјата се соочува со стареење на населението.

Loading...

„Два милиони работни места се слободни во Германија, а тоа резултира со загуба од 100 милијарди евра“, објави Трговско-индустриската комора, која ја спроведе студијата, пренесува Бета.

Според резултатите од истражувањето на 22.000 германски компании, половина од нив тешко ги пополнуваат работните места.

Германија со години се соочува со недостиг на работна сила поврзана со стареењето на населението во клучните сектори како што се индустријата, здравството, хотелите и рестораните и градежништвото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Ситуацијата се влоши, како и во многу западни земји, по пандемијата на коронавирус, додека стапката на вработеност во земјата вртоглаво расте.

Во моментов речиси 58 отсто од компаниите од индустрискиот сектор се жалат на недостаток на работна сила, наведуваат од комората и додаваат дека најбарана е квалификуваната работна сила.