Во Валанс, на југоистокот на Франција, уапсени се 10 лица под сомнение дека учествувале во пукање во мај за време на пресметка со дилер на дрога во која беа убиени четири лица.
Државниот обвинител од Лион Лоран де Кени изјави дека операцијата е поврзана со атентатите и престрелките што се случија во тој град во последните месеци, пренесува „Фигаро“.
Девет лица се уапсени во отворена постапка за поседување оружје и поседување на наркотична дрога, додека едно лице е уапсено во рамки на истрагата за обид за убиство од организирана криминална група, јавува Танјуг.
Помеѓу 9 и 24 мај, четворица мажи беа убиени во текот на пресметката меѓу дилерите на дрога во Валанс, град со 65.000 жители обележан со високи стапки на невработеност и сиромаштија.