Во Франција почина најстарата личност на светот

Сподели со своите пријатели

Најстарата личност на светот, француската калуѓерка Андре, почина неколку недели пред својот 119-ти роденден во пензионерскиот дом во Тулон, јавуваат светските медиуми.

Loading...

Родена е Лусил Рандон на 11 февруари 1904 година во Алес.

Во април 2022 година, геронтолошка истражувачка група ја прогласи сестрата Андре за најстарата личност во светот по смртта на Јапонката Кана Танака, која тогаш имала 119 години, пренесува Ројтерс.

На 25 април минатата година, сестрата Андре беше запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот.

Во текот на 2022 година се заразила со коронавирус, но без поголеми проблеми го преболела.

Лусил Рандон го доби името Андре во 1944 година кога влезе во Католичкиот ред на милосрдието.

Таа била слепа и во инвалидска количка и жалела што изгубила дел од своите способности.

Откако беше прогласена за најстара личност на светот, таа изјави дека работата ја одржува.

Loading...

„Велат дека работата убива, но работата ми помогна да живеам цело време. Работев до 108 години”, вели сестрата Андре.