Повеќе од 75.000 луѓе беа затворени во француските затвори во текот на ноември, што е најголем број затвореници во еден месец откако се води евиденција, соопшти денеска француското Министерство за правда.
Според Министерството, од 1 ноември во француските затвори имало само 60.975 затвореници, што значи дека затворени се околу 17.000 луѓе повеќе отколку што има слободни места.
Вкупната густина на лица сместени во затворите е 123,2 отсто, додека истиот месец лани изнесувала 120 отсто, пренесува Фигаро.
Во истражните центри, каде што притворените чекаат судење, пополнетоста е 147,6 отсто, а во 10 институции достигнува, па и надминува 200 отсто.
Поради пренатрупаност, 2.668 притвореници се принудени да спијат на душеци поставени на подот, додека пред една година ги имало 2.225, пренесува Танјуг.