Во Франција ќе му се суди на петел бидејќи кукурика премногу гласно и рано

Сподели со своите пријатели

Во градот Рошфор на југоистокот на Франција започна необично судење на петелот Морис кој кукурика премногу гласно и многу рано и поради тоа ги вознемирува соседите кои поднеле тужба против сопственикот, пренесува радиото Франс енфо.

Loading...

На судот била сопственичката на Морис Корин Фесо која на новинарите пред судот им рекла дека Морис, кога би знаел да зборува би рекол: „Оставете ме на мира и пуштете ме да пеам“.

Морис не се појавил лично на суд, но добил поддршка од други петлови, затоа што многу сопственици на петли пред судот дошле со своите животни во знак на поддршка.

Најгласна поддршка на Морис му пружиле петлите Атила, Казанова и Жан Рене, навеле нивните сопственици.

Судот по краткото рочиште соошштил дека конечнат аодлука ќе ја донесе на 5 септември, а до тогаш можно е „помирување“ на соседите и Морис.

Соседите, брачен пар пензионери, одлучиле да поднесат тужба, затоа што, како што велат, неколку пати ја предупредиле Корин Фесо некако да го замолкне петелот.

Морис, раскожен петел со кафеави и црни пердуви чии фотографии се појавија во локалните медиуми, соседите го теретат за звучно вознемирување затоа што тој околу 6 часот наутро започнува да кукурика.

Инаку, петелот е национален симбол на Франција.

Loading...

Фото: YouTube prtscr / France 3 Nouvelle

Leave a Reply