Во ЕУ паѓаат цените на се и сешто: Лимоните и лиметите речиси двојно поевтини

Сподели со своите пријатели

Просечните цени на земјоделските производи и инпути (неповрзани со инвестиции) во Европската унија паднаа за шест отсто во првиот квартал од оваа година во однос на истиот период во 2023 година, објави денеска Евростат.

Loading...

Заводот за статистика на ЕУ забележува дека промените на цените за многу земјоделски производи во првиот квартал од 2024 година биле многу различни, при што најголем пад од 28 отсто е забележан кај просечната цена на житариците.

Цената на млекото падна за 12 отсто, на јајцата и на индустриските култури (маслени семиња, протеински култури, сиров тутун, шеќерна репка) за 10 отсто, а свежиот зеленчук за шест отсто, вклучително и особено големиот пад на цената на доматите 33 проценти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Од неделава стопанството ќе добие средства од унгарскиот заем

За разлика од нив, просечната цена на компирот е зголемена за 22 отсто, а на свежото овошје за 20 отсто, иако остар пад од 44 отсто е забележан кај лимонот и лиметата.

Кај инпутите кои не се поврзани со инвестициите, највисоки стапки на пад на цените се забележани кај вештачките ѓубрива (31 отсто), добиточната храна (16 отсто) и енергијата и мазива (12 отсто).

На национално ниво, повеќето земји од Европската унија забележаа пад на цените на земјоделските производи во набљудуваниот период: највисок во Унгарија (24 отсто), потоа Бугарија и Романија (и 18 отсто) и Словачка и Чешка (по 17 проценти).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанес: Социјалните мрежи ќе мора да ги уништат личните податоци на помладите корисници

Спротивно на тоа, цените пораснаа во пет јужни земји на ЕУ, најмногу во Грција (за 20 отсто), додека многу помал раст е забележан во Малта и Шпанија (четири отсто) и Португалија и Кипар (еден отсто).

Еуростат наведува дека по период на прекин, кога имало нагло зголемување на цените на земјоделските производи во текот на 2021 година и првите три квартали од 2022 година, растот на цените забавил, а потоа почнале да паѓаат.

Loading...