Во Ерменија започнува со работа цивилна мисија на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Европската унија денеска ја започнува својата цивилна мисија во Ерменија во рамките на Заедничката безбедносна и одбранбена политика, соопшти Советот на Унијата.

Loading...

Мисијата беше официјално формирана на 23 јануари 2023 година и ќе биде распоредена на ерменската страна на границата меѓу Ерменија и Азербејџан.

Според Советот, неговата цел е да придонесе за стабилноста во пограничните области на Ерменија, да изгради доверба и безбедност на луѓето во областите погодени од конфликти и да обезбеди средина погодна за нормализирање на односите меѓу Ерменија и Азербејџан.

Во мисијата работат околу 100 цивили, меѓу кои и околу 50 невооружени набљудувачи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.000 полицајци го апсеа јужнокорејскиот претседател во неговата резиденција

Оперативниот штаб на мисијата ќе биде во ерменската провинција Воитс Џор, а генералниот директор на Службата за надворешни односи на ЕУ за цивилно планирање и управување со капацитети Стефано Томат ќе служи како командант на цивилната операција, додека Маркус Ритер ќе служи како шеф на мисијата.

Во писмото до високиот претставник Џозеп Борел од 27 декември 2022 година, министерот за надворешни работи на Ерменија ја повика ЕУ да распореди цивилна мисија.

Мисијата е неутрална и неизвршна со мандат од две години.