Египетското министерство за антиквитети соопшти дека аерхолозите пронашле глава на дрвена статуа која најверојатно ја прикажува владетелката на Египет од пред 4.000 години.
Се верува дека главата припаѓа на статуата Анкесенпепи Втора, мајка на фаронот од шестата династија Пепи Втори. Пепи е фараон од шест години, па таа како регант владеела со Египет додека тој растел.
Министерството за антиквитети на Египт, наведува дека предметот е пронајден во подрачјето Сакара, близу пирамидата во Гиза.
Во соопштението се наведува дека главата е во лоша состаојба и дека ќе мора да биде реставрирана.
Претходно овој месец на истиот локалитет пронајдел е дел од обелис од розов гранит кој исто така временски припаѓа на шестата династија.