Од Египет пристигна веста за откритие на остатоци од досега непознат вид на диносаурус, кој живеел пред 100 милиони години, само неколку дена по откритието на египетската гробница на високата свештеничка стара 4.400 години.
Кон крајот на мезозоикот, травојадот ја населувал областа, која тогаш била прекриена со џунгла. Зналитечно се разликува од она што др. Хешам Салам и неговиот тим дипломци го затекнале кон почетокот на истражувањето на подрачјето во 2013. година.
Тимот внимателно ги ископал коските на вилицата, нозете и останатите фосили и ги однеле во Палеонтолошкиот центар за проучување на ‘рбетници на Универзитетот во Мансури, пренесува Гласот на Америка.
Пронајдениот дел од скелетот укажувал на сличност во анатомијата на диносаурусот со европските џинови од тој период, што е во спротивност со теориите дека африканските диносаурус биле целосно изолирани за време на мезозоикот. Истражувачите се надеваат дека под песокот се кријат уште откритија.
– Со сигурност можеме да кажеме дека овие диносаурус нешто ги ловело. Како во секој екосистем, доколку отидете во џунгла ќе пронајдете лав и жирафа. Значи, пронајдовме жирафа, но каде е лавот? Тоа е она што допрва ќе се обидеме да го откриеме, вели лидерот на тимот Хешам Салам.
„Жирафата“ е наречена „Мансуросаурус Шахине“, по универзитеот од кој доаѓа истражувачкиот тим и еден од основачите на палеонтолошкото одделение.