Во дворот открила чудна шахта: Она што го пронашла внатре го шокирало целиот град (видео)

Сподели со своите пријатели

Британката Лиса Кремпс се вселила во новата куќа во англискиот град Мичелдин и во дворот пронашла чуден отвор.

Иако можела да го затрупа, Лиса ја интересирало што се крие таму па продолжила со копање. Изненадувачки, открила засолниште од Втората светска војна.

Локалните ситоричари сметаат дека засолништето веројатно го направиле работници од блиските компании, а направиле и таблични за осначување авиони, поставиле рефлектори и противвоздушна технологија. Во прашњае се работници од компанијата „British Acoustic Films“ која се преселиле од Лондон во 1941 година за да го избегне бомбардирањето, а новата локација се наоѓала точно крај дворот на Лиса.

Изгледа дека засолништето е правено за повеќе луѓе, затоа што очигелдно не станува збор за засолниште предвидено само за едно семејство. Според друга теорија, бункерот го користеле британски војници.

– Започнавме да копаме, беше супер да се покаже на локалните деца овој дел од историјата. Навистина сакам ова да биде дел од заедницата и да помогне на децата во учењето за Втората светска војна. Мојата мисија е да дознам зошто точно овој бункер се наоша тука, раскажала Лиса.

Таа куќа претходно припаѓала на постар пар кој таму живеел од педесетите години, но бункерот е постар.

Нивниот син како момче влегувал во бункерот со пријател и таму пронашол бајонет и други остатоци од Втората светска војна: полици со шолји, садови и парчиња ткаенини кои би можеле да бидат користени за преправка на облека.