Во дворот на воената болница во Солун ќе се постави мобилна единица за пациенти со Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Мобилна здравствена единица со 50 кревети за итни случаи на пациенти со Ковид-19 ќе се постави во дворот на воената болница во Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Loading...

Според истите информации, мобилната единица ќе биде завршена до четврток, а е по одлука на грчкото политичко и воено раководство, додека, пак, денеска за Солун заминува заменик-министерот за одбрана на Грција Алкивиадис Стефанис.

Мобилната единица ќе располага со 50 кревети и радиолошка лабораторија, но нема да има оддел за интензивна нега.

Солун е најпогоден од вториот бран на коронавирусот, со речиси целосно исполнети болници, а најголемиот број дневни случаи на Ковид-19 се токму во овој грчки град.

Сања Ристовска, Грција

Leave a Reply