Во двор на зграда уловен питон од 4 метри и 33 килограми (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Питон долг четири метри и тежок 33 килограми бил фатен во дворот на станбена зграда во Јужна Африка.

Loading...

Жителите на зградата го пријавиле случајот до надлежната служба во градот Балито, а на тимот за заштита на животните Ква Зулу-Натал му биле потребни шест часа за да ја извадат змијата од дупката во која се криела.

Еден член на тимот за ловење, Ник Еванс, објави на социјалните мрежи фотографија на која се гледа како тројца мажи со големи напори ја носат заробената змија.

Еванс напишал дека со прегледот било утврдено дека станува збор за женски питон кој лежел јајца.

„Јас секогаш уживам да запознавам питони, но знам дека многу луѓе не ја сакаат оваа ситуација“, напиша Еванс на фотографијата.

Leave a Reply