Во Дубаи пронајден украден дијамант вреден 17 милиони евра (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Дубаи соопштила дека во четврток пронашла редок дијамант со виолетова боја вреден 17 милиони евра, кој бил украден и потоа прокриумчарен во Шри Ланка.

На снимката објавена на социјалните мрежи, полицајците наведуваат дека дијамантот го украл чувар на компанија за меѓународен пренос на пари кој успеал да онеспособи три безбедносни системи.

Дијамантот потоа со трговски брод бил испратен на Шри Ланка сокриен во обувки.

На седумгодишната ќерка и купил два дијаманти вредни 76 милиони долари (фото)

Loading...

Полицијата навела дека дијамантот го пронашла откако го пребарала целиот терет на бродот. Успешниот исход на акцијата на полицијата е резултат на сослушување на стотоци осомничени и прегледување на снимки од безбедносни камери, на кои биле потрошени илјадници часови, наведува истиот извор.

Главниот осомничен, приведен е во Емирати, близу Дубаи, а на крајот ја признал кражбата.

Не наведувајќи кој е неговиот сопственик, полицијата во Дубаи објавила дека дијамантот е највреден предмет кој досега го пронашла.

https://youtu.be/7eE-Roah8Vk

Leave a Reply