Во Доха продолжуваат индиректните преговори меѓу Израел и Хамас

Сподели со своите пријатели

Индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за договорот за прекин на огнот во Појасот Газа продолжија утрово во Доха, Катар, објави агенцијата Франс Прес.

Loading...

„Досега не е постигнат никаков напредок и преговорите продолжуваат“, соопшти агенцијата, повикувајќи се на палестински извори блиски до преговорите.

Додадено е дека преговорите се фокусираат на механизмите за спроведување на договорот, особено на клаузулите поврзани со повлекувањето на израелската армија и хуманитарната помош за палестинската територија.

Денес е третиот ден од преговорите под покровителство на странски медијатори, повеќе од 21 месец по почетокот на војната во Појасот Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет израелски војници загинаа во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп, на вечера со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа, изрази верување дека палестинскиот Хамас е подготвен да прифати прекин на огнот.