Ерика Ришко има 81 година, има две деца, едно внуче и титулата фитнес инфлуенсер или гуру. Таа е Германка од Лангенфелд и вели дека фитнесот го открила доцна, но дека сега ги инспирира постарите да вежбаат преку ТикТок иИнстаграм.
Ерика вели дека нејзината долговечност е поврзана и со свежата храна што ја јаде.
Многу ми е чест што помладите се инспирирани од мене“, изјави таа за познатото американско шоу.
„Ако можам барем малку да го сменам стереотипот дека старите луѓе се здодевни или неактивни, тоа ме прави многу среќна“, продолжи Ерика.
View this post on Instagram
Оваа домаќинка раскажала дека почнала да вежба дури во доцните 50-ти години, а тоа е затоа што куќата и била празна бидејќи нејзините деца се иселиле. После 20 години, Ерика вежба два пати на ден, неколку дена во неделата.
Ќерка ми го откри ТикТок затоа што некои танцови предизвици беа прикажани на германската телевизија, а апликацијата стана многу популарна за време на пандемијата.
„Одговорот беше да, што ми беше многу возбудливо бидејќи цел живот бев многу несигурна“, продолжи супербабата.
Кога станува збор за нејзиниот тренинг, Ерика сака да пробува различни работи и тоа е еден од советите што им ги дава на нејзините млади придружници.
View this post on Instagram
„Постојано ги менувам вежбите, па добивам различен интензитет и/или времетраење. Важно е да ја смените рутината на вежбањето за да заштедите сила и време.
Покрај активниот живот, Ерика вели дека нејзината долговечност е поврзана и со свежата храна што ја јаде, без да брои калории, ретко консумирајќи алкохол. Таа престана да пуши пред 30 години.